Joomla 3.5 Templates by FatCow Complaints
  • Менаџирање на односи со купувачи…
  • Враќање на податоци…
  • Соработка и содржински менаџмент…
  • Инфраструктура на компанија…
  • ИТ консултации…
  • Онлајн продавница…
  • Менаџирани решенија и ИТ аутсорсинг…
  • Компјутерски мрежи и сервисирање на компјутери...
  • Системска интеграција…
  • Веб решенија…

Зошто треба да имам веб сајт

Имањето на веб сајт за вашата компанија претставува огромен бенефит и предност пред конкуренцијата од неколку причини:

     1. Нова економија

     Интернетот креираше нова економија која е во огромен раст и неговата големина ја смени целосната перцепција на традиционалното водење на бизнисот. Компаниите како Amazon и Ebay доминираат во тој поглед, каде до пред некоја година на врвот беа стабилните и светски познати компании. За да се биде успешен на интернет, нема потреба да се биде толкава компанија како Amazon, Aliexpress, Ebay.... Многу мали и средни компании се борат да изградат онлајн профитабилен бизнис.

     2. Интернетот е одлично место за бизнис

     Со цел да направите продажба од вашиот сајт вам ви се потребни потрошувачи кои ќе ја погледнат вашата понуда и продавница. На интернет, вашата продавница можно е да биде еден клик оддалечена од потрошувачот. Со правилен маркетинг вашата интернет продавница може да има многу повеќе потрошувачи отколку било која друга продавница или трговски центар.

     3 Имиџ на компанијата

     Без разлика дали продавате производи или услуги, во денешниот свет мора да имате корпоративно присуство на интернет. Во спротивно, вашите клиенти едноставно не го сваќаат вашиот бизнис сериозно доколку им напоменете дека немате веб сајт. Прилично едноставен веб сајт го зголемува имиџот на компанијата, особено кога имате конкурентен производ или услуга.

     4. Обезбедете подобра поддршка за потрошувачи

     Потребите на клиентот и вниманието од компанијата кон клиентот се клучни фактори во вредноста на бизнисот. Благодарение на интернетот, бизнисот може да обезбеди подобра поддршка за потрошувачи. Ова значи поголема сатисфакција на потрошувачот и зголемување на профитабилноста.

     5. Направете ја информацијата полесно достапна до купувачот

     До пред неколку години, на компаниите им требаше повеќе време да ги надополнат информациите за производите и услугите кои ги нудат. За брзо време работите се сменија. Денес можете да имате промена на компанијата или на производите виртуелно за само неколку часа.

     6. Намалување на трошоци

     Новите технологии нудат можност да се понуди онлајн секој сегмент од бизнист, тоа вклучува управување со системот на добавувачи, трошоци, транспорт, набавки итн. Насочувањенот на овие бизнис процеси преку онлајн систем овозможува намалување на трошоците на секој сектор поединечно. Како за пример: компанијата може да намали повеќе од 5% од одржувањето, поправките и оперативните трошоци со имплементирање на е-бизнис решение. Овие 5% заштеда можат да се претворат до 50% нето профит на компанијата

     7. Можност за 24 часовен бизнис

     Како можете да остварите продажба кога вашите вработени спијат? Најголемата придобивка на онлајн продажбата е тоа што продавниците се отворени 24 часа во текот на денот, цела година. Благодарение на ова интернет време, кога стандардната продавница е генерално затворена, продажбата може да се одвива како и во нормално работно време.

     8. Ниски трошоци за почеток   

     Изработката на веб сајт не бара голема инвестиција. За отприлика цена од 200 Евра можете да имате ваша веб страна. Повеќе информации можете да добиете на нашата веб продавница на следниот линк

     9. Вашето физичко присуство може да биде на било која локација во светот

     Интернетот овозможува да работите од било кој дел од светот. Вашата физичка локација е небитна.

     10. Отварајте глобални пазари

     Благодарение на интернетот можете да станете глобален играч со мала инвестиција. Со помош на вашиот веб сајт ќе се претставите на светските пазари. Вашите партнери ќе го запознаат вашиот бизнис на ниво на кое е представен на интернет.

      За повеќе информации околу цени и изработка на ваш веб сајт посетете ја нашата онлајн продавница