Joomla 3.5 Templates by FatCow Complaints
  • Менаџирање на односи со купувачи…
  • Враќање на податоци…
  • Соработка и содржински менаџмент…
  • Инфраструктура на компанија…
  • ИТ консултации…
  • Онлајн продавница…
  • Менаџирани решенија и ИТ аутсорсинг…
  • Компјутерски мрежи и сервисирање на компјутери...
  • Системска интеграција…
  • Веб решенија…

Дизајн

     Како сопственик на бизнис, веројатно имате премногу дневни обврски и можеби не сте ни свесни дека ја заборавате потребата од професионален графички дизајн со цел подобро претставување на бизнисот. Со вклучување на професионалниот дизајн вие сте чекор понапред во вашето водење на бизнисот. Следните шест точки ќе ви дефинираат колку е важен професионалниот дизајн за вашиот бизнис.

     Препознавање на бренд

       Целосниот имиџ на брендот започнува со изработка на одлично лого кое ќе ги покрива сите аспекти на вашиот бизнис. Дизајнот има за цел да го претстави вашиот бизнос во функционален, атрактивен и професионален. Брендот треба да претставува конекција помеѓу производите и услугите кои ги продавате.

     Компаниска еднаквост

       Вашите вработени треба да бидат постојано опкружени со брендот, компаниската веб страна, униформи, презентации...  Доколку сакате вашите вработени да бидат мотивирани за работата која ја работат, треба да почуствуваат стабилност и предизвик за работа позади брендот. Градењето на компанијата почнува од внатешноста на компанијата.

     Професионализам

       Сигурно сакате вашата компанија да остави силен прв впечаток врз вашите клиенти, добавувачи и останати субјекти, па како за пример можете да го земете логото кое го имате како сегмент на препознатливост на вашиот бренд. Во зависност од изгледот на логото, евтиниот дизајн остава помали впечатоци дури до непрепознатливост кај некој од соработниците.

     Комуникација

       Корисноста од графичкиот дизајн се одразува во логото и во изгледот на вашиот веб сајт. Графичкиот дизајн може да произведе комуникација помеѓу вашите идеи. Сигурно се прашувате како е можно тоа, но нашето искуство покажува дека можете да ги употребите вашите професионално дизајнирани слики со цел да креирате позитивна импресија и да избегнете недоразбирања во вашата компанија.

     Ефикасност и продуктивност

       Непрофесионалната и лоша изработка на графичкиот дизајн можно е да доведе до негативна продуктивност и ефиксност на компанијата. Најголемиот проблем се јавува кога некој од вашите клиенти сака да се запознае со вас и вашата работа, каде притоа го разгледува тотално непрофесионалниот и нефункционален веб сајт, или истиот воопшто не постои. Практичниот дизајн има големи придобивки, како навигација, фоноти, соодветни бои. Сајтот кој се состои од бои кои не се вклопуваат, фонтови од кои тешко се распознава кој е точниот збори, како и лошата навигација на сајтот може да доведе до целосно одбегнување на вашата компанија од вашите клиенти.

     Пари

       Дизајнот за кој ќе издвоите голем износ на средства не секогаш значи дека е професионален. Од друга страна пак, доколку платите евтин дизајн можете да добиете производ кој нема да ви биде потребен во понатамошниот период, односно дизајнот да го добиете во ниска резолуција која натаму неможете да ја користите за кристално чист принт. Ние во IT Group нудиме услуга за изработка на дизајнерско решение кое нема да ве чини огромни парични средства, а сепак ќе бидете задоволни од квалитетот за понатамошно работење.