Joomla 3.5 Templates by FatCow Complaints
  • Менаџирање на односи со купувачи…
  • Враќање на податоци…
  • Соработка и содржински менаџмент…
  • Инфраструктура на компанија…
  • ИТ консултации…
  • Онлајн продавница…
  • Менаџирани решенија и ИТ аутсорсинг…
  • Компјутерски мрежи и сервисирање на компјутери...
  • Системска интеграција…
  • Веб решенија…

„Паметно“ инвестирање во опрема

     Купувањето на компјутерска опрема е голема инвестиција. Со многуте различни опции кои се на располагање, се појавува потешкотија во изнаоѓање на вистинска конфигурација која ќе ви ги исполни техничките потреби во компанијата, а сепак да остане во рамките на вашиот буџет.

     Во следните неколку точки ќе се обидеме накратко да ви ја објасниме потребата од „паметно“ инвестирање во компјутерска опрема.

     Следните работи треба да ги разгледате пред да се одлучите со купување на нова опрема:

     1. Дали имате потреба од нов компјутер?

       - Голема е веројатноста со процесот на одржување или поедноставно со дополнување на одредени делови во вашиот компјутер да се забрза работата на компјутерот и да се одложи купувањето на нова опрема во нареден период.

     2. За која намена ќе го употребувате компјутерот? Доколку сепак имате потреба од нов компјутер, најбитна работа е да одлучите за која намена би го користеле истиот

       - Технолошки план

       - Каков вид на апликации вашите вработени ќе работат на компјутерот

       - Дали вашите вработени се мобилни и постојано патуваат

       - Како вашиот нов компјутер ќе се вклопи во моменталната технологија?

       - Кои се вашите идни планови?

     3. Нов, употребуван или рефабрификуван?

       Доколку го употребувате компјутерот за основни канцелариски апликации, како што се пишување текстови, е-маил, веб пребарување, во тој случај немате потреба од моќен или нов компјутер. Употребуван или рефабрификуван компјутер може да ви заштеди на средства, а ќе ви биде доволен за овие потреби.

       Рефабрификуван компјутер може во некој случаи да биде подобар од употребуван или дониран компјутер. Рефабрикуваните компјутери се постари системи кои се вратени во фабрика и со веќе отстранети дефекти.


     4. Лаптоп, таблет, или десктоп?

       Кога одбирате помеѓу овие три видови на опрема, треба да ги имате во предвид следните клучни работи:

       - Цена - лаптопите се секогаш поскапи од десктоп компјутерите. Деловите и поправките се исто така поскапи за разлика од десктоп компјутерите.

       - Патување - доколку го користите само во канцеларија тогаш подобра варијанта е десктоп компјутерот, во спротивно доколку сте во постојано движење, најдобра опција ви е лаптоп компјутерот.

       - Дополнување на хардвер, поправка и одржување - Доколку не сте познавачи од работата, имајте во предвид дека поправка или надополнување на хардверот на лаптоп е посложен процес за разлика од десктоп компјутерот.

       - Таблети - Сеуште не се препорачливи за комплицирана канцелариска работа, но тие можат да имаат голема предност пред лаптопите и десктоп компјутерите во однос на брзо пребарување на интернет, е-маил, прелистување документи и комуникација додека сте во движење.